Меган Маркл и принцот Хари беа поканети на свеченост по повод претстојните Invictus Games. Парот се запозна подетално со плановите за спортскиот настан за повредени или болни воени лица кој годинава ќе се одржи во Сиднеј.
36-годишната поранешна актерка избра зелен фустан од Self-Portrait, црно сако од Александар МекКвин, обувки од Маноло Бланик и чанта од Ролан Муре.
Меган и Хари беа пречекани од австралискиот премиер Малкон Тарнбул и неговата сопруга Луси и од нив добија јакни со логото на Invictus Games.