Амал Клуни најчесто е позитивно критикувана во однос на стилот. Но, нејзиниот најнов стајлинг ги разедини фановите.
40-годишната адвокатка присуствуваше на забава која таа ја организираше заедно со Ана Винтур во домот на славната уредничка на „Вог“.
Амал носеше црвена винтиџ креација со корсет, фармерки и црни чизми. Додека на некои им се допадна смелиот аутфит, многумина коментираат дека на славната сопруга на Џорџ Клуни ѝ е потребен нов стилист. Не изостанаа ниту коментарите за нејзината фигура.