Почетна » Новости » Мода » Модел со витилиго со години си ги криел белите дамки со шминка, сега гордо се покажува во природно светло

Модел со витилиго со години си ги криел белите дамки со шминка, сега гордо се покажува во природно светло

Дијагнозата витилиго може да ја сруши самодовербата на секоја личност.

Роџер Монте цела деценија со шминка ги криеше белите дамки на лицето и телото, а сега конечно научи да го сака својот природен изглед.

Со големо охрабрување од пријатели, Монте гордо ги покажува депигментираните делови на кожата и успешно се пробива во модната индустрија.

Роџер Монте Роџер Монте

На 23-годишна возраст Роџер започнал да забележува депигментација на делови од неговата кожа. Кога ја дознал дијагнозата, целиот свет му се срушил.

Иако не е пренослива или заразна, ова кожна состојба придонела Роџер да западне во депресија, бидејќи многу луѓе го избегнувале неговото присуство.

37-годишниот модел од Бразил тогаш одлучил да започне да ги прикрива дамките со помош на шминка. Роџер избегнувал да плива во базен, да посетува фитнес сала или да применува активност која би довела до размачкување или бришење на неговата шминка.

Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте

Во 2016 година, тој запознал пријатели во фитнес сала на кои им ја открил својата тајна. Тие веднаш го охрабриле и го советувале да сподели фотографија на Instagram на која ќе биде прикажан во вистинско светло – без шминка, без филтер.

Монте бил изненаден од позитивните коментари кои ги добил и продолжил да ја споделува својата приказна на социјалните мрежи.

За кратко време, неговите фотографии се распространиле на интернет и го привлекле вниманието на многу фотографи кои го поканиле да позира за нив.

Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте

Монте денес има над 36 илјади следбеници на Instagram и привлекува сè повеќе и повеќе модни ангажмани.

Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте Роџер Монте

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.