Почетна » Новости » Занимливости » Маж создава плетени кукли со витилиго за да им ја зголеми самодовербата на децата со оваа состојба

Маж создава плетени кукли со витилиго за да им ја зголеми самодовербата на децата со оваа состојба

Бразилец со витилиго пронајде одличен начин за да им помогне на децата кои ја имаат истата кожна болест како него. Тој им плете кукли кои имаат бели дамки на кожата, со цел да им покаже дека не се сами и да им ја зголеми самодовербата.

Жоао Станганели Жоао Станганели Жоао Станганели

Жоао Станганели ја создал првата кукла како подарок за неговата внука, за таа секогаш да се сеќава на него. Така се родила идејата за создавање инклузивни кукли кои им помагаат на децата да се чувствуваат ценето и „нормално“ без разлика на изгледот и нивната ситуација.

Насмевката која им ја носи на дечињата со своите дела го инспирира уште повеќе да работи. „На почетокот ме болеа прстите и грбот, но денес не ме болат повеќе. Сè уште не сум се пензионирал, сè уште работам во бизнисот со храна, но многу помалку. Во моментов, 90% од времето го минувам правејќи кукли. Имам многу нарачки“ – вели 64-годишниот Бразилец.

Жоао Станганели Жоао Станганели Жоао Станганели Жоао Станганели Жоао Станганели

Покрај кукли со витилиго, тој создава и други инклузивни кукли – во извалидска количка, слепи, со алопеција и сл.

Жоао Станганели Жоао Станганели Жоао Станганели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.