Доналд и Меланија Трамп ги пречекаа австралискиот премиер Малкон Тарнбул и неговата сопруга Луси во Белата куќа.
За официјалниот прием, првата дама на САД избра палто од Долче и Габана кое чини 3.600 долари и елегантни салонки од златна змиска кожа.
59-годишната Тарнбул беше облечена во син костум со здолниште и носеше впечатлива марама.
Синоќа, во Белата куќа се одржа бал за гувернерите, организиран од Меланија. На свеченоста таа се појави во црн долг фустан со тантела кој исто така е дело на Долче и Габана.
Во изминатиов период, околу Доналд кружат скандали за неверство, меѓутоа парот пред јавноста не покажува дека тоа влијае на нивните односи.