Меланија и Доналд Трамп ја одржаа традиционалната церемонија за помилување на мисирки во пресрет на Денот на благодарноста.
74-годишниот Претседател на САД ја помилува мисирката Пченка (Corn) додека мисирката Кочан (Cob) немаше таква среќа.
Меланија љубезно се смешкаше пред присутните. Првата дама носеше палто од италијанските дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана. Палтото, кое чини 3.250 долари, Меланија го искомбинира со елегантни обувки од Маноло Бланик.