По повод 4 јули, Денот на независноста на САД, Доналд и Меланија Трамп традиционално организираа пикник во Белата куќа, на кој беа поканети семејства на воени лица.
За оваа пригода, 48-годишната прва дама на САД избра долг кариран фустан од Ралф Лорен, кој го надополни со црвен колан на половината од Александар Меквин. Во својот стајлинг Меланија додаде црвени балетанки од Кристијан Лобутин.
72-годишниот претседател и првата дама на САД им го честитаа празникот на присутните. Парот им се заблагодари на воените херои кои секојдневно ги жртвуваат своите животи за да ја заштитат нивната нација.