Британското кралско семејство го одбележува Денот на Комонвелтот со служба во Вестминстерската опатија. Ова е последната официјална кралска должност на Меган Маркл и принцот Хари, кои на 31 март се повлекуваат од функциите.
Славниот пар беше следен со голем интерес за време на пристигнувањето на црковната церемонија.
Меган изгледаше отмено во зелен фустан од Емилија Викстед и истобоен моден додаток за глава од Вилијам Чемберс. Нејзиниот стајлинг вклучуваше и бежови салонки од Aquazzura и чантичка од Габриела Херст.