Меган Маркл за првпат застана покрај британското кралско семејство на балконот на Бакингемската палата.
Војвотката од Сасекс мамеше воздишки во дамско издание за прославата по повод 92-риот роденден на кралицата Елизабета II. Нејзиниот стајлинг вклучуваше елегантен фустан од Каролина Ерера и голема шапка од Филип Трејси.
36-годишната војвотка пристигна во кочија со принцот Хари, со кого стапи во брак пред точно три недели.
Минатиот месец, на кралицата Елизабета ѝ била направена операција на катаракта. За роденденот, таа избра светлосин стајлинг.
Церемонијата „Trooping the Colour“ е официјалната прослава за роденденот на кралицата и секоја година се одржува во сабота во текот на јуни и вклучува спектакл на Кралските воздушни сили.
Парадата за овој специјален ден вклучувала над 1.400 војници, 200 коњи и 400 музичари.