Жолтата боја ги доживува своите „пет минути“ и веќе извесен период им е омилена на блогерките, светските брендови и вљубеничките во модата. И Меган Маркл не го заобиколи овој тренд со едноставен фустан во сончева нијанса.
Војвотката од Сасекс носеше фустан од Брендон Максвел на настан посветен на млади лидери од Комонвелтот. 36-годишната поранешна актерка блескаше покрај принцот Хари на приемот на амбициозни млади лица кој се одржа во Лондон.
„Момент на гордост за нашиот тим“ - напиша популарниот дизајнер Максвел на Instagram и сподели фотографија од Војвотката.
Prince Harry and Meghan, The Duke and Duchess of Sussex, have arrived at the celebration of a #CommonwealthYouth Leadership Training at #MarlboroughHouse, the headquarters of the #Commonwealth Secretariat pic.twitter.com/g9fDkZLnJE
— The Commonwealth (@commonwealthsec) July 5, 2018