Меган Маркл и принцот Хари се вратија во Лондон за да ги исполнат и последните должности пред да се откажат од функциите во британското кралско семејство.
Славниот пар присуствуваше на Endeavour Fund Awards, свеченост во чест на ветерани и воени лица кои постигнале огромен напредок во заздравувањето од повреда и зеле учество во спортски или авантуристички активности.
Меган со широка насмевка на лицето блескаше во светлосин син фустан од Викторија Бекам и тегет салонки од Маноло Бланик.
Славната двојка во изминатиов период престојуваше во Канада и САД откако го најави своето дистанцирање од британското кралско семејство. Тие и официјално ќе започнат да функционираат независно од британската монархија на 31 март.
Меган и Хари за првпат заедно присуствуваа на истата свеченост во 2018 година.