За промотивната турнеја на „Barbie“, Марго Роби се претвори во стилска имитаторка на популарната кукла.
Како и за сите досегашни настани за филмот, така и за премиерата во Лос Анџелес, славната актерка избра стајлинг инспириран од Барби.
На розовиот тепих, холивудската убавица зачекори во блескав црн фустан кој е копија на барбиката „Solo in the Spotlight“ од 60-тите години. Креацијата е специјално изработена за неа од модната куќа Schiaparelli, накитот доаѓа од Lorraine Schwartz, а обувките ги потпишува Маноло Бланик.
Рајан Гослинг, кој во филмот го глуми Кен, се појави во розов костум од Гучи.
На свеченоста присуствуваа редица славни личности кои ѝ дадоа поддршка на ѕвездената филмска екипа на чие чело застана режисерката Грета Гервиг.