Доволно е да фрлите еден поглед на новата колекција на Зухаир Мурад за да се роди модна љубовна афера. Магичните рачно изработени креации фасцинираат и лесно освојуваат срца.
Либанскиот дизајнер ја претстави колекцијата „Aquatic Serenade“ за сезоната пролет/лето 2019 со ревија во рамките на Париската недела на високата мода.
Убавината на океанската шир и подводниот свет го поттикнаа Мурад да создаде креации инспирирани од немирна вода, егзотични риби и извонредни корали.
„Оваа сезона проникнете во богатиот океански свет и откријте го спојот на нијанси, текстури и движења“ - порачуваат од ателјето на Мурад.