Ева Лонгорија е на добар пат да стане најдобро облечена дама на овогодишното издание на Канскиот филмски фестивал.
Холивудската актерка со впечатлив фустан однесе гламур на црвениот тепих на свеченоста на француската ривиера. На втората вечер на Фестивалот, посветена на новиот филм „Top Gun: Maverick“, Лонгорија носеше блескав фустан чија текстура потсетува на парчиња скршено огледало.
Сребрената креација ја потпишува дизајнерката Кристина Отавијано, а совршено ускладениот накит е од Шопард.
Ева присуствува на Фестивалот во улога на амбасадорка на L’Oreal.