Секогаш елегантна, соодветно дотерана и во чекор со попрефинетите тенденции, кралицата Летиција ретко кога е мета на замерки за изгледот.
На работен состанок во Мадрид, 48-годишната Кралица се појави во впечатливо есенско издание.
Блузата во бордо нијанса од Hugo Boss, Летиција ја надополни со црно-бело здолниште со „пепито“ дезен од истиот бренд.
Елегантното палто е со потпис на нејзиниот омилен шпански дизајнер Фелипе Варела, а ефектните салонки се од брендот Lodi.