Викендов, Лос Анџелес беше домаќин на 81-вото издание на Златен глобус.
На холивудската манифестација, која ги наградува најдобрите во филмската и телевизиската индустрија за изминатата година, присуствуваа бројни ѕвезди кои внимателно ги избираа своите стајлинзи и модни додатоци за да остават впечаток на црвениот тепих.
Погледнете кои славни личности избраа OMEGA часовници за да внесат доза на швајцарска прецизност и извонредност во својот изглед:
Килијан Марфи
Победникот во категоријата за Најдобар актер во драма за својата улога во „Oppenheimer“ носеше 40-милиметарски OMEGA De Ville Trésor часовник со Sedna злато и кожено ремче.
Да'Вин Џој Рендолф
Да'Вин Џој Рендолф, која победи во категоријата Најдобра актерка во споредна улога за филмот „The Holdovers“, избра часовник OMEGA Constellation од Sedna злато.
Џонатан Бејли
Презентерот Џонатан Бејли, кој е верен пријател на OMEGA, белиот костум го надополни со 40-милиметарски OMEGA De Ville Trésor часовник со челик и кожено ремче.
Чарлс Мелтон
Мелтон, кој беше номиниран за Најдобар актер во споредна улога, носеше 40-милиметарски OMEGA De Ville Trésor часовник со челик и кожено ремче во темносина нијанса.
Вил Ферел
Ферел носеше 42-милиметарски OMEGA Seamaster Diver 300M изработен од титаниум.
Колман Доминго
Актерот, кој беше номиниран за Најдобра изведба во драма за улогата во филмот „Rustin“, во својот стилски изглед вклучи 41-милиметарски OMEGA Constellation Globemaster од Sedna злато со кожено ремче.
Бери Кеоган
Кеоган носеше впечатлив часовник OMEGA Seamaster Aqua Terra од Sedna злато.
Кевин Костнер
Класичното црно одело, Костнер го искомбинира со OMEGA De Ville Prestige часовник со црно кожено ремче.