Почетна » Новости » Занимливости » Златни часовници за златна годишнина: OMEGA слави 50 години од стапнувањето на Месечината со специјален модел

Златни часовници за златна годишнина: OMEGA слави 50 години од стапнувањето на Месечината со специјален модел

„Ова е еден мал чекор за човек, но огромен скок за човештвото.“

Наскоро изминуваат 50 години откако Нил Армстронг и Баз Олдрин зачекорија на Месечината. Двајцата славни астронаути, а и нивниот колега Мајкл Колинс од мисијата Аполо 11, носеа часовници OMEGA Speedmaster на 21 јули 1969 година, кога се случи историската прошетка.

OMEGA

Четири месеци по враќањето на астронаутите на Земјата, OMEGA организираше вечера во нивна чест и претстави специјално издание на Speedmaster. Компанијата изработи точно 1.014 часовници од 18-каратно жолто злато и го привлече вниманието на многу колекционери. Меѓу привилегираните личности кои добија ваков модел беа повеќе астронаути на НАСА, а првиот му беше подарен на претседателот на САД, Ричард Никсон.

OMEGA

За да го одбележи значајниот јубилеј, OMEGA сега создаде ексклузивен модел на OMEGA Speedmaster.

„Пред 50 години, човештвото ги направи првите чекори на Месечината. OMEGA Speedmaster беше таму, завиен околу зглобовите на астронаутите, а оваа година, му оддаваме почит на долготрајното наследство од таа мисија со лимитирано издание на часовници за 50-годишнината на Аполо 11.“

OMEGA

OMEGA

Како и оригиналната серија од 1969 година, и од Apollo 11 50th Anniversary Speedmaster се произведени само 1.014 часовници. За новото издание, брендот го замени 18-каратното жолто злато со омега-ексклузивно 18-каратно злато наречено „Злато Месечев блесок“. Новата легура содржи повеќе паладиум за да се спречи дисколорацијата која може да се случи кај обичното 18-каратно злато.

OMEGA OMEGA

Секој од часовниците доаѓа во луксузна 3D испечатена кутија која ја отсликува површината на Месечината. Сивите керамички панели се структурирани различно, па секоја кутија е уникатна.

„Дополнително, горниот панел на секоја е испечатен со слика од Морето на Спокојството, местото каде што слета Аполо 11“ - опишуваат од OMEGA.

OMEGA

Интересен факт: Нил беше првиот човек кој стапна на Месечината, но својот часовник тој го остави во лунарниот модул, како бекап за расипан тајмер. Па, часовникот кој го носеше Олдрин е всушност првиот часовник носен на Месечината.

Баз ОлдринБаз Олдрин носи OMEGA Speedmaster за време на мисијата Аполо 11

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.