Кендал Џенер беше прогласена за „Модна икона на декадата“ од страна на The Daily Front Row. 21-годишниот модел го прими признанието на церемонија во Њујорк.
Популарната модна ѕвезда гордо позираше со наградата.
За свечениот настан, Кендал избра црн волуменозен фустан од Џамбатиста Вали. Блескав смарагдно-зелен накит и црвен кармин го надополнуваа нејзиниот стилски избор.
Овој избор наиде на крикити, бидејќи Џенер пред една декада имаше само 11 години. Исто така, ѕвездата од реалити шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ е дел од модната индустрија околу пет години, па според многумина, погрешно е да ги претставува изминатите десет години.