Каролина Гочева заедно со Македонската филхармонија ја распеа публиката на музичкиот настан A1 World of Music, организиран по повод ребрендирањето на телекомуникациската компанија оне.Вип.
„Македонското девојче“ безгрешно ги пееше своите понови хитови, а и ги потсети обожавателите на своето музичко минато со „За нас“.
39-годишната пејачка за стајлингот повторно ѝ се довери на долгогодишната стилистка Цаци Паковска. Широките црни панталони и светлата кошула беа надополнети со впечатлив колан и блескав накит од колекцијата „Skyline“ од италијанскиот бренд Rebecca, кој има продажен салон во ТЦ Рамстор во Скопје.
Видео
ФОТО: Филип Вирановски / Femina.mk