Грејс Стробел успешно се проби во модната индустрија, но нејзиниот пат до успехот воопшто не бил лесен.
26-годишната девојка со Даунов синдром била исмејувана од своите врсници, а сето тоа влијаело на нејзината самодоверба. Сепак, таквите околности само ја направиле посилна, похрабра и порешителна.
„Пред три години, некои од врсниците ме исмејуваа. Кога ми се смееја, се чувствував осамено и омразено. Плачев толку многу што чувствував дека умирам однатре. Тогаш одлучив дека сакам да направам разлика. Сакав да покажам како некој може да промени нечиј живот со тоа што ќе биде добар, љубезен и ќе се однесува со почит“ – изјавила Стробел.
Грејс денес е модел кој е ангажиран за бројни кампања од брендови за козметика и облека.
Откако се родила со екстра хромозом, родителите на Грејс одлучиле дека ќе ѝ помогнат да го достигне нејзиниот најголем потенцијал. Тие ѝ го овозможиле најдоброто образование, ја носеле на фитнес и ја учеле да стекне социјални вештини за да го живее животот најдобро што може.
А Грејс докажа дека кога си опкружен со љубов, можеш да се справиш со сè што ќе ти приреди животот.
Во 2018 година, таа го започна проектот „The Grace Effect“, кој се фокусира на тоа како да се совладаат препреки, како да се однесуваме кон луѓето со почит и љубезност и како да се живее со попреченост. Оттогаш, таа има одржано мотивирачки говори пред 3.000 студенти и подолжува да ја подигнува свеста и да руши стереотипи за лицата со попреченост.