Мајкл Корс ја одбележа 40-годишнината од неговата кариера со ревија за восхит на која ја претстави колекцијата за сезоната еден/зима 2021.
Славни модели како Ирина Шајк, Бела Хадид, Ешли Грем, Наоми Кембел, Хелена Кристенсен и Каролин Марфи дефилираа во центарот на Њујорк, презентирајќи ги моделите креирани од Корс.
„2021 година ја означува 40-тата годишнина од мојата кариера. Бев среќен 40 години да патувам низ светот, трагајќи по инспирација. Но, без разлика колку далеку одам, секогаш се враќам дома во Њујорк, градот кој ме оформи како млад дизајнер и продолжува да ме инспирира“ – рече славниот дизајнер пред да биде прикажана неговата ревија.