Мајкл Корс ги отвори вратите од својот дом во Њујорк и одговори на 73 кратки прашања за Вог.
Во видеото, познатиот дизајнер открива дека најдобриот дел од неговата работа се луѓето кои ги запознава и признава дека фраза која најчесто ја користи е „премногу шик“.
Корс тврди дека во модниот свет најмногу го возбудуваат промените и ја опишува модата како „вистинското нешто во вистинското време“. 59-годишниот креатор открива и дека ја ремоделирал венчаницата на мајка си кога имал само 5 години.
Иако најчесто е облечен во црно, Корс ја одведе камерата во својот плакар за да покаже дека не поседува само црна облека.
Погледнете го видеото во кое се појавува и неговиот сопруг Ленс ЛеПере, со кого е во брак седум години.