Примабалерината Маја Плисецкаја ја подгреа новата модна визија на Зухаир Мурад врз која се базира создавањето на колекцијата pre-fall 2021.
„Инспириран од прецизноста и мајсторството на кореографијата на рускиот балет, Мурад ја пресоздава врската помеѓу модата и движењето“ – објаснуваат од брендот на популарниот либански дизајнер.
Креациите без исклучок ја истакнуваат половината, а имплементирањето на карнери, тантела, пердуви и транспарентност гласно говори дека моделите танцуваат околу концептот за ултимативна женственост.