Зухаир Мурад нè носи во светот на волшепствата. Либанскиот дизајнер создаде невестинска колекција која маѓепсува на прв поглед.
Славниот креатор ги освојува вечните романтичарки со новите венчаници кои имаат моќ да ги претворат во модерни принцези на нивниот специјален ден.
Разновидните силуети надополнети со прекрасни детали и украси се трансформираат во сосем нови модели со интересни додатоци.
„Црпејќи инспирација од една енигматична ера, романсата се расплетува како танц, мистериозна и мистична. Безвременски силуети заземаат централно место и пленат со комплексни детали кои ја слават суштината на шармантната романса. Оваа колекција хармонично ја плете модерната елеганција со заводлив допир преку своите волшебни детали“ – стои во описот на колекцијата.