Викторија Бекам креира колекција која со сигурност веднаш ќе „летне“ од полиците. Славната дизајнерка, во партнерство со Target, создаде облека која го следи игривиот карактер на нејзината линија Victoria, Victoria Beckham.
Креациите се наменети за жени и деца, а цените варираат од 6 до 70 долари, што е навистина „освежување“ од вртоглаво високите цени кои обожавателите се навикнати да ги плаќаат за модните дела на Бекам.
Викторија сподели дека нејзината омилена комбинација се состои од црните панталони и кошула со кала.
Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на американскиот пазар на 9 април.