Pronovias повеќе од половина век ги освојува женските срца.
Шпанскиот бренд ја презентираше најновата колекција невестински фустани за време на Невестинската модна недела во Њујорк.
Венчаниците кои обединуваат суптилен гламур, одмерен сексапил и елеганција мамеа воздишки кај присутните на ревијата во Големото јаболко.