Меган Маркл неспорно поседува труднички блесок. 37-годишната припадничка на британското кралско семејство со елегантен стајлинг мамеше воздишки пред Националниот театар во Лондон.
За првата посета на Националниот театар во улога на покривителка, војвотката од Сасекс избра монохроматска комбинација која вклучуваше фустан од дизајнерот Брендон Максвел, чевли од брендот Aquazzura и чантичка од Каролина Ерера.