Војвотката Кетрин одушеви со уште еден стилски погодок.
На лансирањето на дигитална платформа, 38-годишната сопруга на принцот Вилијам се појави во црно-бел фустан со точкест принт од дизајнерката Емилија Викстед.
Својот моден избор, британската војвотка го надополни со еспадрили на плута.
„Tiny Happy People“ е нова едукативна програма која ќе им помогне на новите родители во развивањето на јазичните и комуникациските вештини на децата на возраст до 4 години.