Да не бевме соочени со пандемијата со коронавирусот, синоќа традиционално ќе се одржеше балот во музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.
Свеченоста, во денешно време нарекувана и „модни Оскари“, за првпат беше организирана во 1948 година, како добротворен настан за собирање на средства за Институтот за костими, а со кој се одбележуваше отворањето на изложба на костими во њујоршкиот музеј. Оттогаш прерасна во најекстравагантна модна парада во која славните личности копнеат да земат учество.
Без исклучок, секоја гламурозна забава низ годините е организирана врз база на одредена тема. За 2020 година, темата е „About Time: Fashion and Duration“. Кога ќе стивне здравствената криза, согласно темата, стотиците внимателно избрани гости ќе треба на црвениот тепих да ја претстават уникатната способност на модата да патува низ времето, да спојува стилови од различни периоди за да креира нови идеи и да се движи во циклуси додека се движи нанапред.
Но, додека да се создадат поволни услови за организирање на свечености од овој тип, да се навратиме низ годините и да ѕирнеме како изгледаа ентериерите на галите. Во континуитет Раул Авила креира впечатлива декорација од цвеќиња достојна за восхит.
2019
2018
Heavenly Bodies: Fashion and the Catholic Imagination
2017
Rei Kawakubo/Comme des Garçons Art of the In-Between
2016
Manus x Machina: Fashion In An Age Of Technology
2015
China: Through the Looking Glass
2014
Charles James: Beyond Fashion
2013
Punk: Chaos to Couture
2012
Schiaparelli and Prada: Impossible Conversations
2011
Alexander McQueen: Savage Beauty
2010
American Woman: Fashioning a National Identity