Меган Маркл е гласен поддржувач на младите лидери од целиот свет. 38-годишната војвотка од Сасекс присуствуваше на отворањето на самитот „One Young World“ во Лондон.
Глобалниот настан ќе спои 2.000 млади лица од 190 земји од светот.
Кога станува збор за стилот, Меган се одлучи за едноставен фустан од брендот Aritzia, кој го носеше и во текот на бременоста.
Меган ја започна соработката со „One Young World“ уште пред да стане дел од британското кралско семејство. Таа беше советничка на самитот во Даблин во 2014 година, кога говореше за зајакнувањето на жените, а присуствуваше и на самитот во Отава во 2016 година. Погледнете го нејзиниот говор пред пет години:
This is why #MeghanMarkle called out @Suits_USA creator on gender inequality. #genderbias pic.twitter.com/IdQnpKNjF0
— One Young World (@OneYoungWorld) November 1, 2016