Систин и Софија Сталоне беа дел од забавата на Долче и Габана која се одржа во Лос Анџелес. Атрактивните ќерки на Силвестер Сталоне шармираа во креации и модни додатоци од италијанскиот бренд.
18-годишната Систин и 20-годишната Софија веќе извесно време соработуваат со Долче и Габана. По стапките на својата мајка, пред два месеци младите девојки дефилираа на ревијата на познатата модна куќа во Милано.






