Почетна » Новости » Мода » Добро ми Стои: Креативна имагинација преточена во уникатен филигран

Добро ми Стои: Креативна имагинација преточена во уникатен филигран

Секој човек ја негува својата имагинација на различен начин. Таа најчесто е производ на моментната инспирација и влијае врз креирањето на уникатни нешта. Денес, кога сме презаситени од секакви видови на „едно те исто“, насушна е потребата од нешто различно, интересно и убаво, а кое е истовремено креативно, имагинативно и занесно.

Креативност и имагинација се потребни секаде, а посебно за усовршување на македонските традиционални техники кои отсекогаш биле почитувани.

Филигранот е форма која во Македонија не случајно го пронашла своето место. Таа во себе ги содржи како Источната мелодичност така и Западниот креативен момент. А убавината, секогаш се наоѓа точно онаму каде двете спротивности се допираат.

На нашите простори отсекогаш се среќавале различни вери, нации и обичаи. Сите тие допринеле и сè уште допринесуваат во разноликоста на културата која провејува на овие простори. Ние сме место каде Истокот се среќава со Западот, каде Христијанството доаѓа во контакт со Исламот и токму тие спротивности помогнале Македонскиот филигран да се доведе до совршенство.

Имаме богата култура како потпора за инспирација и развивање на имагинацијата. Потребно е само човек да се заврти околу себе и ќе ја пронајде. Всушност тоа е и појдовната точка на Христијанството: Пресечи дрво и ќе ме најдеш, дигни камен и Јас ќе бидам таму. Од друга страна, Истокот се темели на мелодичен израз. Сето тоа го има на ова наше поднебје и претставува инспирација за уметниците.

Филигранот изразува чувства, мисли и имагинација, и секогаш е посебен и уникатен.

Прошетајте со поглед низ деликатните уметнички дела на „Добро ми стои“ кои се визуелен доказ за комплексноста и магијата на филигранот.

Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“ Филигран од „Добро ми Стои“

Facebook-страницата на „Добро ми стои“: https://www.facebook.com/pages/Dobro-Mi-Stoi/538499129539525

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.