Почетна » Новости » Занимливости » Филигрански базар во Безистен

Филигрански базар во Безистен

Филигранот отсекогаш фасцинирал во Старата Скопска Чаршија. Познатата работилница Спарк Филигран на мајстор Аднан Рамадани, произведува не само уникатни парчиња филигрански накит, туку создава и нови мајстори на овој уникатен занает. Овие талентирани артисани својот уметнички сентимент, потенцијал и ново откриен талент, како и својата имагинација и чувство за перфекција, го преточуваат во креирање на прекрасни форми кои ја пленат душата, а не можат да се најдат во продавниците. Филигранските базари се исклучителна можност каде може да ги видите и купите овие мали ремек дела.

Mајстор Аднан Рамадани – Spark Filigree, Alma Idrizi Art, DobroMiStoi, Fil Ana design, Sara Filigree, Jeta Nika, Pazar F, Anechi’s Atelier, Leanan le Fay, Ксенија Котев, MijaTova, Filigranika и Lilee Filigree, Ве покануваат во сабота во 20.00 часот во Безистен во Старата Чаршија. Базарот е поддржан и од кафулињата во Безистенот Beni’s Yellow Submarine, Old Time Caffe и Galerija Badaboom, каде и ќе се одржи настанот.

Филигрански базар

Под мотото „Support The Art of Filigree“ овој базар се организира со цел да се продолжи овој вид уметност и посетителите да имаат можност во живо да се сретнат со уникатните парчиња накит.

Ние не чекориме по жица, ние остваруваме соништа од жица.

ФилигранFiligranika ФилигранDobro Mi Stoi ФилигранSpark Filigree ФилигранSara Filigree ФилигранLilee Filigree ФилигранAlma Idrizi Art ФилигранAnechi's Atelier ФилигранFil Ana ФилигранJeta Nika ФилигранКсенија Котев ФилигранMiJatova ФилигранPazar F

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.