Дизајнерката Моника Коцарева Ергич минатата недела ја видовме во урбано елегантно издание во видео интервју за Marella. Во него таа порача дека секоја дама треба да го запази својот личен идентитет кога се работи за стилот и да не избегнува од границите кои ѝ прилегаат.
Моника исто така сподели и кои се актуелните трендови кои не треба да ги пропуштиме оваа есен, а направи и 2 модни комбинации од актуелната колекција на Marella по своја мера. Едната комбинација вклучува урбани парчиња соодветни за секој ден, додека другата комбинира фустан и шпицести потпетици за поелегантен изглед.