Соништата се остваруваат... Елизабета Петковска ја одржа својата прва сопствена модна ревија во Скопје и доби само аплаузи.
Креативната Македонка со Даунов синдром ги презентираше уникатните креации на модното шоу насловено „Јас Бети – Сонот се остварува“, за кое соработуваше со Елена Поповска и Јасминка Стојановска.
На ревијата во Културно информативниот центар – Скопје, гостинка беше и првата дама Елизабета Ѓоргиевска.
„Елизабета Петковска, следејќи ја својата визија – да подготви сопствена модна ревија, ни покажа дека Дауновиот синдром не е пречка сонот да стане јаве“ – напиша Ѓоргиевска.
Петковска е вистински пример дека не постојат граници и дека не треба да дозволуваме ништо да ни ги ограничува соништата.