Каролина Ерера беше поим за елеганција и стил на ревијата на нејзиниот бренд Carolina Herrera во Њујорк.
86-годишната дизајнерка е доказ дека годините се само обична бројка. Таа се појави на модното шоу во елегантно црвено палто и салонки со високи потпетици. Модната креаторка со големо внимание ги следеше манекенките кои ги носеа моделите дизајнирани од Вес Гордон, креативниот директор на нејзиниот бренд.



Watch on TikTok
Каролина беше придружувана од двете ќерки Каролина Адријана и Патриција Кристина, како и од нејзината внука Олимпија, која ги следи нејзините чекори во светот на модата и студира дизајн во Париз.









Погледнете дел од креациите од колекцијата за сезоната есен-зима 2025/2026:








