Кралицата Максима доби бројни комплименти за изгледот при посетата на Саланд со кралот Вилем-Александар.
50-годишната дама изгледаше елегантно во дводелна плисирана комбинација со потпис на белгискиската модна куќа Natan и шешир од Fabienne Delvigne. Холандската кралица е позната по впечатливите и смели модни додатоци кои никогаш не ги изостава од своите стајлинзи.
Кралскиот пар, кој стапи во брак во 2002 година, го посети холандскиот регион Саланд без трите ќерки, принцезите Катарина-Амалија, Алексија и Аријана.