Само неколку часа откако присуствуваа на прославата по повод 100-годишнината од формирањето на Кралските воздушни сили, Меган Маркл и Хари заминаа на дводневна официјална посета на Ирска.
Кралскиот пар со приватен авион пристигна во Даблин. 36-годишната поранешна актерка со широка насмевка излезе во авионот, облечена во темнозелени креации од модната куќа Живанши.
Ирскиот премиер Лео Варадкар ги пречека војводата и војвотката од Сасекс и им посака топло добредојде.