Војвотката Кетрин со широка насмевка пристигна на конференцијата „Менталното здравје во образованието“ во Лондон.
36-годишната сопруга на принцот Вилијам носеше темен костум со здолниште од твид и црни модни додатоци.
Настанот, кој е организиран од Кралската фондација, ќе собере на едно место претставници на образовниот сектор и експерти за менталното здравје, за да ги истакнат бенефициите од нивната соработка и да дискутираат што може да се стори за надминување на проблемите со менталното здравје во училиштата.