Војвотката Кетрин и принцот Вилијам вчера им се придружија на останатите членови на британското кралско семејство по повод одржувањето на служба во Вестминистерската опатија.
По црковната церемонија за Денот на Комонвелтот, многумина коментираа за ладниот поздрав на парот кон принцот Хари и Меган Маркл. Но, не остана незабележан и елегантниот аутфит на Кетрин.
Палтото во бордо нијанса од Кетрин Вокер, таа го искомбинира со шапка со цветови и модни додатоци во иста нијанса.
Кога Кетрин и Вилијам се сместуваа на првиот ред на церемонијата, тие само накратко се поздравија со Меган и Хари, на кои ова им беше последна кралска должност, со што поттикнаа најразлични коментари за односите на браќата.
The Cambridges ignoring Harkles. #megxit #KateMiddleton #PrinceWilliam pic.twitter.com/KPor1hzIb2
— JanaCMo) March 9, 2020
Вечерта, Кетрин организираше гала во Бакингемската палата за Place2Be, организација посветена на подобрување на менталното здравје на децата.
На свеченоста, 38-годишната Војвотка се појави во мастилесто-син фустан од Џени Пекам.
Истата креација таа ја носеше и на турнејата во Индија во 2016 година.