Војвотката Кетрин присуствуваше на велигденска служба во црквата „Сент Џорџ“ во Виндзор. Церемонијата се совпадна со 93-тиот роденден на кралицата Елизабета.
Облечена во светлосино палто од Александар МекКвин, Кетрин пристигна на празничната служба заедно со принцот Вилијам.
И принцот Хари беше меѓу присутните, но без сопругата Меган која се очекува деновиве да го донесе на свет нивното прво дете.
Кралицата Елизабета со насмевка излезе по мисата и прими букет од мали момчиња.