Почетна » Новости » Мода » Војвотката Кетрин во палто кое не излегува од мода и плисирано здолниште од Zara

Војвотката Кетрин во палто кое не излегува од мода и плисирано здолниште од Zara

Војвотката Кетрин е на кратка турнеја низ Велика Британија посветена на раниот развој на децата.

Утрово, таа го посети Кардиф, каде се сретна со деца и родители во детскиот центар „Ely and Careau“.

38-годишната Војвотка носеше палто во карамела нијанса кое се смета за модна класика. Црната ролка таа ја искомбинира со плисирано здолниште со леопардски принт од Zara.

Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин

Говорејќи за својата мисија, Кетрин вчера изјави: „Како родител, знам колку ни е важно идното здравје и среќата на нашите деца. Сакам да ги слушнам клучните проблеми кои ги засегаат семејствата и заедниците, за да можам да ја фокусирам мојата работа таму каде што е најпотребна. Мојата амбиција е да обезбедам трајна промена за идните генерации.“

Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20833 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.