Војвотката Кетрин вообичаено избира модни комбинации со фустани и здолништа и ретко носи панталони додека ги исполнува кралските обврски.
Но, за посетата на детскиот центар „Хенри Фосет“, славната војвотка се одлучи за деловен стајлинг со широки панталони и виолетова кошула од Гучи.
37-годишната сопруга на принцот Вилијам зеде учество во сесија од програмата „Together Time“, во која учествуваат родители и негуватели за подобро да ги разберат потребите на децата со цел да им ја зголемуваат самодовербата.