Софија Вергара не експериментира со стилот. Речиси секогаш, телевизиската ѕвезда од „Modern Family“ избира креации која ја „прегрнуваат“ фигурата. Оскаровската забава на Vanity Fair не беше исклучок.
47-годишната актерка беше облечена во фустан со потпис на италијанското дуо Доменико Долче и Стефано Габана.
Придружник ѝ беше нејзиниот сопруг Џо Манганиело.