Меган Маркл повторно одушеви со дамски стајлинг. 36-годишната сопруга на принцот Хари присуствуваше на првиот ден на настанот Royal Ascot заедно со повеќе припадници на британското кралско семејство.
Облечена во кошула-фустан со потпис на Живанши, Меган пристигна во кочија во која се возеа и Хари, грофицата Софи и принцот Едвард. На главата Меган носеше шешир од Филип Трејси.
Во публиката на познатите коњски трки беа и принцот Чарлс, војвотката Камила и кралицата Елизабета II.