Почетна » Новости » Мода » Викторија Бекам со лежерна фотосесија за „The Sunday Times“

Викторија Бекам со лежерна фотосесија за „The Sunday Times“

Списанието „The Sunday Times“ ја покани Викторија Бекам да го краси изданието посветено на стилот. 42-годишната дизајнерка во свои креации позираше пред објективот на фотографот Џејсон Хетерингтон.

Во интервјуто за списанието, славната сопруга на Дејвид Бекам открила дека не се чувствува удобно кога чекори на црвениот тепих на холивудските свечености.

„Едвај чекам да поминам на тепихот и да завршам со тоа. Не знам дали тоа е поради што многу години сум фотографирана или поради критиките, но се чувствувам изложена, ранлива и некомфорно. Не можам да бидам себеси“ – рекла таа.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Викторија зборувала и за GEM, групата создадена од три поранешни членки на Spice Girls. „Сметам дека тие треба да пеат свои материјали, бидејќи она што го создадовме како Spice Girls беше специјално. Ако пеат песни на Spice Girls, мислам дека ќе биде тажно. Научив многу од Spice Girls, најважното е што можеш да имаш сè во една минута, а во наредната да го изгубиш. Ми беше дадена втора шанса, па нема да изгубам сè повторно“ – додала таа.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20892 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.