Почетна » Новости » Мода » Викторија Бекам открива што се крие во нејзината чантичка во видео за „Вог“

Викторија Бекам открива што се крие во нејзината чантичка во видео за „Вог“

Женската чанта не е само моден додаток, таа во себе крие многу нешта. Во видео кое го сними за „Вог“, Викторија Бекам покажува што содржи нејзината чанта и открива без кои предмети не може да живее.

Во видеозаписот, 42-годишната дизајнерка признава дека понесува многу нешта со себе кога го напушта својот дом. Од добра книга за себе, производи за разубавување, па сè до мала сликовница за својата ќеркичка Харпер. Опишувајќи се себеси како позитивна личност, Бекам вели дека нема време за негативни работи и додава дека секогаш ја гледа чашата како половина полна, а не половина празна.

Славната сопруга на Дејвид Бекам изјавува и дека мобилниот телефон ѝ е многу важен, бидејќи содржи илјадници фотографии од нејзиното семејство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20892 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.