Викторија Бекам е најдобрата реклама за својата модна куќа. 43-годишната дизајнерка пристигна во Њујорк по повод модната недела, а папараците не пропуштија да го документираат нејзиното стилско пристигнување на аеродром.
Славната поранешна пејачка од глава до пети беше облечена во модни парчиња од нејзините колекции.
Во изминативе денови Викторија беше под лупата на медиумите поради обединувањето со членките на Spice Girls.