Адријана Лима започна модно партнерство со брендот Privé Revaux за да ја создаде својата прва колекција очила за сонце.
38-годишната Бразилка дизајнираше четири модели. „Лансираме четири различни стила. Има модерен стил наречен Love Valentina, наречен по мојата поголема ќерка. Таа ми помогна да го креирам и во изборот на боите. Потоа имаме Love Sienna. Таа е мојата помала ќерка. Овој модел е повеќе како хибридни авијаторки.“
Лима откри дека третиот модел е наречен Panther, затоа што „пантер“ е нејзиниот прекар, а четвртиот го добил името Julia по нејзината 100-годишна баба.