Адријана Лима се закити со наградата „Модна икона на годината“, која ја доделува The Daily Front Row.
Привлечната Бразилка се појави на црвениот тепих на свеченоста во егзотичен кадифен фустан со длабоко деколте и висок шлиц и драматична шминка.
Откако ја прими статуетката, Лима во краток говор рече дека не планира да стави крај на кариерата.